Повеќе од 10 000 луѓе го напуштиле Санторини вчера, откако стотици земјотреси го потресоа островот, соопшти весникот „Катимерини“, пренесува БТА.
Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.
Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа.
Жителите на Санторини доживеаја ноќ полна со вознемиреност и неизвесност, по тековната сеизмичка активност која ја вклучи тревогата на островот.