Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица.
Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.
Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на ноќта и рано утрово продолжија умерените земјотреси во близина на Санторини, меѓутоа грчките сеизмолози смируваат и велат дека се следи ситуацијата, додека пак според медиумите во Грција, од синоќа голем е бројот на граѓани кои го напуштаат островот.