Релативно мирна ноќ, во споредба со изминатите денови, поминаа жителите на Санторини и околните острови со оглед на тоа што не беа регистрирани силни земјотреси, меѓутоа претпладнево за помалку од еден час имаше серија земјотреси со јачина од над четири степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, меѓутоа со помал број потреси од над четири степени според Рихтер, иако утрово беа регистрирани два последователни со јачина од 4,2 и 4,8 степени, додека денеска островот ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА од Атина.