Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски.
„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски.
Владата на денешната седница го задолжило Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.