Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина. Nezavisen
Најсилен досега во неколкудневната серија.
Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Kanal5
Релативно мирна ноќ, во споредба со изминатите денови, поминаа жителите на Санторини и околните острови со оглед на тоа што не беа регистрирани силни земјотреси, меѓутоа претпладнево за помалку од еден час имаше серија земјотреси со јачина од над четири степени – јави дописничката на МИА од Атина.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во периодот од 10.36 часот до 11.24 по локално време беа регистрирани седум потреси меѓу 4,1 и 4,9 степени. Novamakedonija
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, во периодот од 20.41 до 22.35 часот по локално време беа регистрирани 16 земјотреси меѓу 3,1 и 5 степени, од кои половина беа над 4 степени. Kanal5
Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени. Kanal5