Тие наведуваат дека освен она што самите го обезбедиле, граѓаните за патувањето донирале и храна, вода, ќебиња, шатори, вреќи за спиење.
Тие носат храна, вода, шатори, опрема и српски знамиња на патувањето од 151 километар. Kanal5
Студентите кои повеќе од два месеци ги блокираа факултетите, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, тргнаа пеш од Белград и Ниш кон Крагуевац, за да им се придружат на своите колеги на протестот најавен за денот на државноста, 15 февруари.
Колоната студенти тргна од Белград пред фармацевтскиот факултет, каде беа испратени од вработени и голем број граѓани, меѓу нив има студенти од Нови Сад. Kanal5