Косовското Министерство за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските наводи дека е планирано повлекување на американската армија од Косово.
Оваа вест, која ја делат некои веб-страници и телевизиски канали е дезинформација која ја шират надворешни актери со цел да се дестабилизира земјата и Западен Балкан, се наведува во соопштението од косовското МО. Во соопштението се истакнува дека повлекувањето на американските трупи од НАТО силите во Косово (КФОР) „не доаѓа предвид“, бидејќи таквите одлуки за распоредување или повлекување не се носат случајно.