Меѓу другото, во „Едиктот“ се наведува дека „институциите на Србија мора да му служат на народот и да бидат темел на довербата, а не инструмент на моќ на поединци“.
Со него се повикува на независност на универзитетите, судството и слободата на медиумите, почитување на човековите слободи и вреднување на знаењето. Radiomof
Илјадници учесници на масовниот протест „Студентски едикт“ синоќа во 23 часот и 52 минути молчеа на централниот плоштад во Ниш, оддавајќи им почит со 15-минутно молчење на 15-те лица кои загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. A1on
Десетици илјади луѓе им се придружија на студентите низ улиците во Ниш, кои преку протестот истакнаа дека нема да прифакаат неправда и корупција.
Универзитетските студенти во Србија ги предводат националните протести кои започнаа по смртоносниот пад на настрешница на железничката станица во ноември. Telma