Клучната дилема што сега се јавува во македонската јавност по протекувањето голем број информации од Вашингтон за сериозни надворешни замешателства, како финансиски така и со луѓе дипломати вклучени во многу клучни процеси што се одвиваа изминатите години во земјава, е дали Преспанската спогодба може да се смета за полноважен меѓународен договор имајќи ги предвид околностите под кои е постигната Основен предуслов секој меѓународен договор да биде широко прифатен е тој да биде потпишан во духот на бона фидес, односно со добра волја, без никакви притисоци, коруптивни активности и финансиски бенефиции кон оние што го склучуваат, оти во спротивност неговата важност се доведува во прашање.
Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот.