Дуња Марковиќ (2), девојчето кое вчера исчезна во српскиот град Уб е пронајдена утринава во тешка состојба, со премрзнатини, но благодарение на навремената интервенција на Планинарската спасувачка служба се очекува добро да закрепне.
Двегодишната Дуња Марковиќ е пронајдена откако исчезна во понеделникот попладне додека со своите браќа и сестри си играла пред семејната куќа во Уб. Во потрагата по девојчето учествуваше цела Србија, а синоќа по третпат беше активиран системот „Најди ме“.