Пратениците од опозициските партии ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода попладнево до Парламентот на Грција доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада поради железничката несреќа, а расправата ќе започне вечерва во 19 часот, додека гласањето ќе се одржи во петок јави дописничката на МИА од Атина.
Иницијативата е на ПАСОК, а лидерот Никос Андрулакис рече дека барањето е потпишано од 85 пратеници од четири пратенички групи, како и независни пратеници и се однесува на како што рече „Владата чии дела претставуваат споменик на криминалната неспособност за трагедијата кај Темпи, Владата потопена во ароганција и корупција и Владата која ги прекина врските со реалните потреби на општеството“.