Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на прес-конференција соопшти дека полицијата поседува т.н. акустични уреди кои служат за предупредување на масовни собири кога има голем број луѓе на големо растојание.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, за „Данас“ потврди дека полицијата поседува звучно оружје, или колоквијално наречено „звучен топ “, т.е. дека овие системи кои се купени во 2021 година се во сопственост на МВР.