Српскиот премиер во заминување и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека очекува мандатарот за состав на новата влада, Ѓуро Мацут и неговиот кабинет да внесат нова енергија што и е потребна на Србија.
Српскиот премиер во заминување и претседател на СНС, Милош Вучевиќ денеска изјави дека очекува мандатарот за состав на новата влада, Ѓуро Мацут и неговиот кабинет да внесат нова енергија што и е потребна на Србија, јави допсиникот на МИА од Белград. Kanal5
Очекувам тој да биде личност која може да отвори социјален дијалог, да не е оптоварен со некои работи од претходниот период, како што бев јас и мојата влада, и може полесно да разговара со сите луѓе во јавниот свет за дискурс, да разговара, да воспостави комуникација – рече Вучевиќ.
Тој изрази надеж дека новиот кабинет ќе донесе доза на оптимизам што и е потребен на Србија, како и дека ќе се фокусира пред сè на економијата. Plusinfo