1 (7) ■ вести > македонија ■ 26-Mar 10:25 -> 26-Mar 11:00
.
.
.
.

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

  • Таравари: Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска, во домашните болници се третираат 23-ца

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување.

Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска и првите 24 часа ќе бидат сместени во Клиники, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција за состојбата на лицата кои се лекуваат во домашните и странски болници по пожарот во Кочани.

7 (4) ■ вести > македонија > хроника ■ 26-Mar 10:13 -> 26-Mar 10:49
.
.
.
.

Царината со неверојатни заплени: Телевизор пронајден во кревет на камионџија,

  • Царинска управа: Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки: - Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички.

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки: – Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички.

11 (8) ■ вести > свет ■ 26-Mar 07:30 -> 26-Mar 10:18
.
.
.
.

„ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ НА НОВИНАРОТ МИСЛЕВ ДЕКА ПРИПАЃА НА НЕКОЈ ДРУГ “ Волц презеде одговорност за безбедносниот скандал во Белата куќа

  • Волц ја презеде одговорноста за скандалот со безбедносната грешка

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц, кој стои зад спектакуларната безбедносна грешка поврзана со американските напади во Јемен, синоќа изјави дека ја презема одговорноста откако новинар се нашол во групата што тој ја создал на мрежата Сигнал.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц, кој стои зад спектакуларната безбедносна грешка поврзана со американските напади во Јемен, синоќа изјави дека ја презема одговорноста откако новинар се нашол во групата што тој ја создал на мрежата Сигнал.

13 (51) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Mar 12:02 -> 25-Mar 16:43
.
.
.
.

Локалите ќе добијат колку што им е потребно време за да ги исполнат условите, дотогаш нема да работат

  • Постапката за разрешување на Коцевски ќе се запре во моментот, рече премиерот Мицкоски

  • Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

  • Мицкоски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни

На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.

Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи уверување дека ќе ги коригираат и поразат, како што порача сите мафии кои за жал царувале.

Повеќе од
оваа категорија

45 (19) ■ спорт > македонија ■ 24-Mar 19:18 -> 25-Mar 09:59
.
.
.
.

Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен

  • Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира . Како што потврдуваат извори за „Слободен печат“ Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Повеќе од
оваа категорија

84 (13) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 08:27 -> 25-Mar 07:50
.
.
.
.

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците

  • Инженерите со забелешки за фактурирањето на струјата на средба со Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Здружението Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.

153 (8) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 11:50 -> 25-Mar 17:10
.
.
.
.

Продажбата на автомобили во ЕУ повторно падна во февруари

  • Раст забележан кај депозитите и кредитите, потрошувачките и станбените најпопуларни кај граѓаните

Продажбата на нови автомобили во Европската унија повторно е намалена во февруари, покажаа во вторникот објавените податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во февруари во ЕУ се регистрирани 854.000 нови автомобили, 3,4 отсто помалку од истиот месец минатата година, пресметале во ACEA.

Народната банка информира дека вкупните депозити во февруари бележат пораст од 11,1% на годишно ниво, додека вкупните кредити забележуваат зголемување од 11,5%. Во февруари 2025 година, паричната маса регистрира месечен пораст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување.

115 (4) ■ сцена > култура ■ 25-Mar 16:50 -> 25-Mar 18:53
.
.
.
.

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

  • По инспекцијата, во Прилепскиот театар забрана за настани и претстави

Согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, по извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ - Прилеп, како објект за масовни приредби, известуваат од прилепскиот театар.

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот.