Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент гласаше за нацрт-резолуцијата за Косово, со која, меѓу другото, се бара итно укинување на мерките на ЕУ, јавуваат косовските медиуми.
Косово постигна напредок во изборните реформи, економската отпорност и заштитата на основните права, но заедно со Србија мора да избегнува еднострани активности кои го поткопуваат процесот на дијалог Белград-Приштина, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Косово во 2023 и 2024 година, усвоен денеска од страна на парламентарниот Комитет за надворешни работи (АФЕТ) со 48 гласа „за“, 19 „против“ и 6 „воздржани“.