1 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Jun 09:42 -> 23-Jun 14:45
.
.
.
.

Ново зголемување на цените на горивата

  • Поскапуваат горивата

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит.

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 41,687 (денари/килограм). © Ohridnews.com.

2 (105) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 13:43
.
.
.
.

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

  • СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена!

  • Мицевски: Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска?

  • Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.

Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира.

Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска?

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.

12 (12) ■ вести > балкан > регион ■ 22-Jun 18:56 -> 23-Jun 11:30
.
.
.
.

(Видео) Пожарот на грчкиот остров Хиос продолжува втор ден

  • Грција: Голем пожар на островот Хиос

Десетици пожарникари втор ден по ред се борат со шумските пожари предизвикани од силните ветрови на грчкиот остров Хиос во североисточното Егејско Море, додека властите евакуираат повеќе села.

На грчкиот остров Хиос во Егејското Море, пожар беснее веќе 48 часа, ширејќи се на три фронта.Почнувајќи од утрово во 06:00 часот по локално време, властите испратија два СМС-повици за превентивна евакуација на областите Реста и Агија Параскеви во Кариос, објавува порталот „Катимерини“.Денес, со првата дневна светлина, канадски авиони повторно беа лансирани, а дополнителни противпожарни сили беа донесени на островот со бродови од атинското пристаниште Пиреја.

16 (4) ■ вести > македонија ■ 23-Jun 10:05 -> 23-Jun 14:00
.
.
.
.

МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот за битолскиот возачки испитен центар

  • МВР: Левица имаат за цел да ја дезинформираат јавноста

„Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста“, стои во демантот на МВР на соопштението на партијата Левица.„Имено, во однос на постапката за избор на правно лице за добивање на лиценца за испитен центар Битола, информираме дека согласно соодветен Правилник во Министерството за внатрешни работи постои Комисија за разгледување на барањата поднесени по претходно објавен јавен конкурс.

Министерството за внатрешни работи искочи со соопштение во ги демантираат написите на политичката партија Левица.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

123 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

148 (7) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 23-Jun 09:45
.
.
.
.

ИНРМ: Броилата мора да се достапни и видливи за потрошувачите, инаку казни за ЕВН и до 3.000 евра

  • ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

Согласно новиот Закон за енергетика кој стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да овозможи визуелен пристап на потрошувачите до мерните уреди.

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

96 (4) ■ сцена > култура ■ 22-Jun 07:00 -> 23-Jun 10:40
.
.
.
.

Отворање на изложба, курирано водење и разговор: Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста

  • „Материјални експерименти во Грејсленд“ во МСУ

Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома, Билал Јилмаз Кураторка: Лидија Хатсијакову Датум: среда, 25 јуни, 2025 Отворање: 20:00 часот Курирано водење: 20:10 – 20:40 Модерирана дискусија: 20:40 – 21:20 Место: Музеј на современа уметност во Скопјe Времетраење на изложбата: 26 јуни - 17 август 2025 година Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „ Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“ курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како општествена алатка, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и занаетите...

Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe.