Претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Косово, Авни Дехари, го прекина денешното заседани откако кандидатката на Самоопределување за претседател на законодавниот дом Албулена Хаџиу не ги доби потребните 61 глас во вториот круг од гласањето. Libertas
Како што објавија косовските медиуми, за изборот на Хаџиу гласаа сите пратеници на Самоопределување и повеќето од пратениците од малцинските несрпски заедници.
Против беа пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, воздржани пратениците од Социјалдемократската иницијатива, а на гласањето не учествуваа пратениците на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и на Српската листа. Nezavisen