Серија земјотреси денеска ја потресе областа на Истанбул, а најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтер, со епицентар во Мраморното Море, западно од Босфорот.
Нема жртви во земјотресите што рано денеска ја погодија областа Истанбул во Турција, а 151 лице кои во паника скокнале од голема височина се хоспитализирани, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул, Давут Гил.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени.