Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево, дел од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) со мнозинско население на Срби. Libertas
Агенти на Државната агенција за истрага и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) синоќа се обиделе да го уапсат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, но биле спречени во намерата од припадници на полиција на Република Српска.
Инспекторите на СИПА се обиделе да го приведат Додик додека престојуваше во владината канцеларија на РС во Источно Сараево, но тие се повлекле кога на патот им застанале полицајците задолжени за обезбедување на актуелниот претседател на РС. Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, немало директен конфликт меѓу припадниците на државната и ентитетската полиција, туку тие само разговарале. Civilmedia
Инспекторите на СИПА биле во вообичаени униформи, додека приодот до зградата каде што бил Додик бил блокиран од тешко вооружени специјалци на МВР на РС. Министерот за внатрешни работи на Федерацијата Босна и Херцеговина, Рамо Исак, потврди дека полицијата на овој ентитет веднаш е ставена во состојба на готовност, а ја критикуваше и СИПА за лошо организираниот обид за апсење.
„Испраќањето на неколку инспектори во административниот центар на владата на РС во Источно Сараево со наредба да се обидат да го приведат Милорад Додик и сето тоа без помош на специјална единица на СИПА навистина фрла сомнеж во способноста на државната агенција да обезбеди доследно почитување на законот на целата нејзина територија или зборува за неможноста на раководниот персонал да ја анализира и планира успешната операција“, рече Исак. Kanal5
Како и синоќа и утринава, припадниците на МВР на РС не дозволуваат медиумите да се приближат до оваа зграда.
Потсетуваме, Судот на Босна и Херцеговина претходно распиша централна потерница за Милорад Додик, како и за премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ. Nezavisen
При обидот за апсење не била употребена сила.
„Можам да потврдам дека членовите на СИПА беа во Административниот центар на Владата на Република Српска во Источно Сараево, постапувајќи по наредба на Судот на Босна и Херцеговина во врска со кривичното дело - неизвршување на одлуката на Уставниот суд. Kajgana
Неколку инспектори на СИПА, без поддршка од вооружени полицајци во униформи, се обидоа да влезат во владината канцеларија на РС во Источно Сараево за да му го врачат на Додик налогот за апсење, но тешко вооружени членови на МВР на РС го спречија нивното приближување.
Портпаролката на СИПА, Јелена Миовчиќ, потврди дека се работи за обид на Додик да му се достави наредба од Судот на Босна и Херцеговина. Plusinfo
Тие постапувале по наредба на Судот на Босна и Херцеговина, но наишле на отпор.
На инспекторите на СИПА им се спротиставија припадници на Министерството за внатрешни работи на РС (МУП на РС). СИПА се задржа кратко и се повлече. Libertas
Не се знае дали Додик се уште е во зградата или во текот на ноќта ги напуштил просториите на Владата на РС, a вчера присуствуваше на средба со шефовите на општините од подрачјето на Источно Сараево и градоначалникот Љубиша Ќосиќ.
Тројца инспектори на СИПА вчера пристигнаа пред капијата на Управниот центар на Владата на РС, со цел да го доведат Додик на распит. Civilmedia