Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот. Libertas
Српскиот претседател Александар Вучиќ, отпатувал за Москва, каде што ќе биде гостин на Денот на победата на Црвениот плоштад, пишува „Блиц“. Mk
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.
Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот. Fokus
Брисел претходно јасно му стави до знаење на Белград дека нема да гледа позитивно на евентуалната посета на Вучиќ на Москва, нагласувајќи ја обврската на Србија да се прилагоди на надворешната и безбедносна политика на Унијата како земја-кандидат за членство.
Како одговор на ова, Вучиќ рече дека му ветил на рускиот претедател Владимир Путин дека ќе дојде во Москва за Денот на победата над фашизмот и дека ќе присуствува но без да биде придружуван од претставници на српската влада и армија, за да не бидат подложени на санкции. Netpress
Литванските власти официјално забранија прелет на авион на српската влада, во кој се наоѓал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на пат кон Москва. Telma
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва, каде на аеродромот „Внуково“ го пречека заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александр Грушко. Kajgana
Вчера српски „Новости“ први објавија дека литванските и латвиските власти го забранија летот на српски авион за Москва, преку воздушниот простор на овие две земји.
На 9 мај во Москва со Парадата на победата ќе се одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, а претседателот Вучиќ претходно најави дека и покрај сите притисоци, ќе оди во Москва да го прослави Денот на победата. A1on