Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет.
Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.
Кардиологот, бригадниот генерал Драган Динчиќ, кој, според него, долги години учествува во лекувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот претходник Борис Тадиќ, изјави дека Вучиќ ненадејно се вратил од САД бидејќи почувствувал силна болка во градите која траела неколку секунди, како што рекол самиот Вучиќ.