Европскиот парламент (ЕП) на 7 мај усвои резолуција во која се оценува дека, и покрај одреден напредок, Србија сè уште треба да надмине значајни пречки на патот кон Европската унија (ЕУ), пред сè подобрување на внатрешниот политички дијалог, реформи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово, како и целосно усогласување со надворешната политика на ЕУ. Како што пренесува РСЕ, резолуцијата на известувачот на ЕП за Србија, Тонино Пицула, беше усвоена со 419 гласови „за“, 113 „против“ и 88 „воздржани“ на седницата во Стразбур.
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија, кој по гласањето ќе има форма на резолуција, што не е правно обврзувачка.