Контроверзното видео го објави на социјалната мрежа X претседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ.На видеото, како што објавија медиумите од Србија, се слуша глас, за кој се претпоставува дека ѝ припаѓа на советничката на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, како излегува од возилото и вика: „Сега ќе му е*ам матер“, додека на член од обезбедувањето на премиерот Мацут му се обраќа со „идиоту“.Во продолжението на видеото се слуша женски глас кој тврди дека станува збор за придружба од канцеларијата на претседателот Вучиќ, по што следува физичко туркање меѓу двајцата обезбедувачи.