Волонтерите на здружението за заштита на животни „ЗОО Планета“ од Ниш не можеа да им веруваат на своите уши кога добија телефонска пријава од сограѓанка дека вчера видела крокодил во центарот на градот.
За да бидат сигурни дека не станува збор за непромислена шега или грешка, тие побарале видео од скандалозната сцена на улицата Дечанска, што им потврдило дека крокодил навистина пристигнал во центарот на градот на мистериозен начин. Libertas