Адвокатот на Мета, Кујтим Чакрани, изјави за медиумите дека неговиот клиент бил информиран за сите три обвиненија, за кои рече дека се неосновани, истакнувајќи дека истрагата била завршена кога завршиле изборите, објави „Албански пост“.Мета, кој е во притвор, прво комуницираше со новинарите од просториите пред зградата на Специјалното обвинителство СПАК, кога преку телефон му рече на својот адвокат дека едвај чека да оди на суд за, како што изјави, да им честита на обвинителите на СПАК за 83-те мандати што ѝ ги дадоа на Социјалистичката партија на Еди Рама, со Работната група против опозицијата. Puls24