Поминаа неколку дена откако „скандалот со шлаканицaра“ ја потресе Франција, а хаосот околу оваа тема сè уште не е смирен.Прес-тимот на францускиот претседател Емануел Макрон е критикуван поради „неприфатливиот начин“ на кој се справиле со виралното видео на кое првата дама на Франција, Брижит Макрон, се обидува да го удира својот сопруг откако слетале во авион во Виетнам.
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието кога неговата сопруга Брижит наводно му удрила шлаканица за време на посетата на Виетнам.
„Само се шегувавме“., рече францускиот претседател Емануел Макрон за видео-снимките на кои изгледа дека неговата сопруга, Брижит, го турка со двете раце по лицето пред тие да излезат од авионот за да ја започнат нивната посета на Југоисточна Азија викендов, пренесува Асошиејтед Прес.
Printscreen / X / Backchod Indian Првата дама Брижит Макрон му удира шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, беше објавено видео кое брзо стана вирално додека социјалните мрежи се преполни со теории.