Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање пред Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, изјави дека е време НАТО да ги отвори вратите за Косово и додаде дека Косово верува во НАТО и во непоколебливата посветеност на Алијансата кон мирот.„Во Косово, веруваме во моќта на транспарентноста на Алијансата, не само во однос на воената моќ или стратешките достигнувања, туку и во нејзината непоколеблива посветеност на мирот“, рече Османи.
Таа нагласи дека НАТО беше и останува ‘рбетот на колективната безбедност и надежта за идните генерации.