Вучиќ не објасни од каде, како што рече, „дошле странските пари“.Неговата изјава е за време на состанокот со претставници на студентите кои се противат на блокадата на факултетот, што се одржа во зградата на претседателството во Белград.Коментирајќи ги активностите на студентите во блокадата, тој рече дека тие направиле „фасцинантно големи грешки“ и дека на тој начин научиле дека „не можете да му дадете толку време на политичкиот противник, особено ако е погласен“.Студентите повеќе од шест месеци ја блокираат работата на државните факултети, барајќи, пред сè, кривична и политичка одговорност за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад. Alsat