Возачот на Ауди А4, Марко Шљивиќ, син на поранешен функционер на ХДЗ, кој беше уапсен за предизвикување сообраќајна несреќа во која загинаа три лица во близина на Чапљина, доби мерка притвор.
Градот Мостар го прогласи денешниот ден, 2 јуни, за Ден на жалост поради страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија три млади лица – Далила Жугор (22), Енис Куртовиќ (20) и Алмин Црналиќ (22). Трагедијата се случи во сабота наутро во близина на Почитељ, а во несреќата учествувале три возила.