Силниот земјотрес што синоќа ги погоди Родос во Грција и крајбрежниот град Мармарис во Турција го вознемири не само локалното население, туку и бројните туристи од Македонија, кои деновиве престојуваа во популарните летни одморалишта.
Сподели со своите пријателиЗемјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди медитеранскиот брег на Турција, поточно градот Мармарис, објави синоќа Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), едно 14-годишно девојче почина поради паника, а 69 се повредени.