Приоритет е размената на експертиза во: институционалната соработа, во областа на науката и технологијата применета во спортот, спортската медицина, борбата против негативните појави во спортот, организација на спортски настани, организирање на обука на спортски специјалисти, програми за поддршка на спортот за лица со попреченост, спорт за сите, спортската инфраструктура, спортскиот туризам како и во спортот во образовните институции.
Со Министерството за спорт и млади на Црна Гора и со министерот Драгослав Шќекиќ имаме една соработка која е повеќе од политичка. Kanal5
Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ изрази огромно задоволство од постигнатиот договор, воспоставувањето на цврста соработа меѓу двете земји во областа на спортот и развојот на поширока регионална поврзаност.
„Изразувам огромно задоволство што денеска во посета на Црна Гора е мојот пријател и пријател на Црна Гора, министерот за спорт Борко Ристовски и што имавме можност да разговараме за идната соработка и за развојот на спортот во Црна Гора и во Северна Македонија. Ekipa
Пред сѐ тоа да биде промоција на нашите држави, промоција на спортот и порака дека сите ние во регионот треба да се држиме заедно и да си помагаме едни со други – истакна Ристовски.
Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ изрази огромно задоволство од постигнатиот договор, воспоставувањето на цврста соработа меѓу двете земји во областа на спортот и развојот на поширока регионална поврзаност. Sport1
Во таа насока ќе дадеме сѐ од себе – рече Шќекиќ.
Црногорскиот министер за спорт и млади ја промовираше и идејата за воспоставување на регионални лиги во одбојка и ракомет во кои првично би настапувале екипи од Македонија, Црна Гора, Србија и во најава, Босна и Херцеговина, како и одржување на регионални турнири во овие спортови. Sport1
Мислам дека тргнавме и во еден друг правец, станавме пријатели надвор од оваа политичка димензија и чест ни е што сме денеска гости во Подгорица – истакна министерот Борко Ристовски.
Тој нагласи дека Меморандумот за разбирање во областа на спортот меѓу Македонија и Црна Гора е резултат на заедничката заложба на двете земји да го вратат регионалниот спортски дух и меѓусебната поврзаност на земјите од регионот. Sport1
Сакаме да покажеме дека преку спортот може да направиме многу големи работи, како за унапредување на спортот, така и за поврзување на нашиот регион – истакна министерот Драгослав Шќекиќ.
Со Меморандумот се предвидува и поттикнување на соработка меѓу двете земји во областа на спортот и во рамките на меѓународните организации со цел размена на информации и спроведување на заеднички активности. Kanal5