Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на вчерашната средба со претставници на различни образовни институции и меѓународни партнери на Министерството за образование, наука и технологија, објави дека е започната изработката на новата стратегија за образование, која ќе важи од 2026 до 2032 година.„Стратегијата ќе се фокусира на обезбедување еднаков пристап до квалитетно образование за сите, инклузија, грижа за доброто ментално и физичко здравје на младите, усогласување на образовните политики со пазарот на трудот, дигитализација, дигитална и медиумска писменост, како и имплементација на нови технологии“, рече Јаневска.
На прашањето за училиштата што спроведуваат едносменско учење, Јаневска предупреди дека во текот на летните месеци ќе се работи на проширување на капацитетите на училиштата за да им се овозможи на учениците да учат во една смена.„Некаде околу 150 училишта имплементираа едносменска настава, во текот на летото ќе имаме големи акции за реконструкција на училниците, ќе почнеме со оние училишта на кои им требаат само 2-3 или 4 паралелки за да имплементираат едносменска настава, тој план е веќе направен, не можам да ви кажам во кои конкретни училишта во моментов, но има такви училишта во Скопје и други градови“, изјави Јаневска.Јаневска рече дека Северна Македонија итно треба да спроведе големи промени, со оглед на тоа, како што рече, дека дури и Европската комисија имала забелешки за бавниот развој на образованието во последните години. Puls24
Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година, соопшти МОН. Vecer
Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година.
На првата работна средба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на тоа што било добро досега, да го модифицира тоа што не ги исполнило во целост очекувањата и да овозможи интегрирање на новите глобални образовни трендови и стандарди кај нас. Kurir
Само со издржан стратешки документ, базиран на точни анализи, податоци и факти, можеме да изградиме поквалитетен национален образовен систем.
А јас, како ресорен министер уверувам дека Владата ќе биде на висина на задачата и ќе обезбеди доволно ресурси за сè што треба да ги поместиме работите напред – рече министерката Јаневска. Plusinfo
Поддржувачи на новата стратегија се и УНИЦЕФ, УНДП, Светска банка и ГИЗ, со кои МОН денеска потпиша и официјален меморандум за поддршка.
„Она што е многу важно е развојот на стручното образование и обука кое е едно од главните елементи на новата стратегија за образование со која се разгледуваат оние клучни прашања поврзани со пополнување на празниците поврзани со развојот на вештини со усогласување на побарувачката и потребите на економијата и постои особена важна потреба да се развие сеопфатна стратегија за целото образование“, изјави Петра Дрекслер, амбасадорката на Германија во Македонија. Alfa