Списокот на стратешки проекти во областа на критичните суровини во трети земји вклучува проекти во Канада, Гренланд, Казахстан, Норвешка, Србија, Украина, Замбија, Нова Каледонија, Мадагаскар, Малави, Јужна Африка и Обединетото Кралство. Tocka
Според проценката на Комисијата, избраните проекти, од кои повеќето се однесуваат на суровини неопходни за производство на електрични возила и батерии, како што се литиум, никел, кобалт, манган и графит, бараат вкупно 5,5 милијарди евра капитални инвестиции за да започнат со работа.
На листата е вклучен и проектот Јадар во долината на реката Јадар во западна Србија, кој предизвика широко распространето негодување и отпор поради страв од загрозување на здравјето на луѓето и животната средина. Tocka