Во текот на својата работна посета на Париж, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес имаше средба со својот колега, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од континуираниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, со јасна определба за понатамошно продлабочување на соработката на политичко и економско ниво.