Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека се води од државни, а не од партиски интереси и дека затоа предвремени избори ќе се одржат кога надлежните институции ќе одлучат за тоа.„Тоа зависи од надлежните институции, но тие сакаат да ги уништат сите институции“, рече Вучиќ, коментирајќи ги барањата на студентите за распишување вонредни избори и додаде дека е лага дека не сака да ги распише затоа што не и одговараат на неговата партија СНС, туку затоа што тоа моментално не е во интерес на Србија.
На политичката сцена во Србија, границата помеѓу легитимната критика и бруталната дискредитација одамна е заматена.