Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој беше единствениот кој не ја потпиша декларацијата, објавија белградските медиуми кои ја покриваат првата посета на Вучиќ на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Српските медиуми потсетуваат дека на минатогодишниот Самит во Дубровник имаше несогласувања околу текстот на заедничката декларација за украинската криза, поради што и овој пат се очекуваат тешки разговори и дипломатски судири.
Претставниците на опозициските листи прогласија победа на локалните избори во српските градови Косјериќ и Заечар, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Српската напредна странка (СНС) убедливо победила во тие два града.
Во српските градови Зајечар и Косјериќ вчера се одржаа избори за советници во собранијата на локалната самоуправа каде граѓаните избираа помеѓу осум листи во Заечар и три во Косјериќ.