Студентите во блокадата најавија целосна блокада на Белград утре од 7 часот наутро, и во Нови Сад од 6 часот наутро.
Објавата дојде откако српскиот претседател Александар Вучиќ донесе одлука да помилува четворица активисти на Српската напредна партија кои беа на судење за напад врз студенти на 28 јануари, кога на едно девојче му беше скршена вилицата со бејзбол палка.„Кога ќе престане почитувањето на Уставот и законот од оние кои мора да ги заштитат, сè мора да престане“, се вели во објавата на „Студентите во блокада“ на Инстаграм.„Утре, Нови Сад престанува“, се додава во соопштението.