1 (6) ■ вести > македонија ■ 22-Jun 07:24 -> 22-Jun 09:45
.
.
.
.

Агенцијата за храна контра кочанскиот градоначалник по видеото со пицеријата

  • АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува, како што вели, обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување на стручноста и професионалноста на АХВ и нејзините вработени инспектори, преку социјалните мрежи глумејќи инспектор во угостителски објекти, за кои тврди дека се дивоградби.

2 (56) ■ вести > свет > еу ■ 20-Jun 04:00 -> 22-Jun 10:15
.
.
.
.

Трамп: САД извршија „многу успешен напад“ врз три ирански нуклеарни постројки, вклучувајќи го и Фордо

  • Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Трамп: Иран сака да разговара со нас, а не со Европа

  • ТОЈ „ЗНАЕ ПОДОБРО“ Шефицата на разузнавањето на Трамп: „Нема докази дека Иран сака да произведе нуклеарно оружје“ - Трамп: „Таа греши“

Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо.

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на печатот по пристигнувањето во Бедминстер, град во државата Њу Џерси, каде што се наоѓа неговотo приватнo голф-одморалиште.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека Европа нема да може премногу да помогне во војната меѓу Иран и Израел.„Европа нема да може да ни помогне во ова“, рече Трамп, по состанокот на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Велика Британија со иранскиот министер за надворешни работи.

3 (67) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 07:13 -> 22-Jun 10:00
.
.
.
.

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат денови до плата

  • Дали Заев му ги издиктира на Филипче кандидатите за градоначалници кои сигурно ќе изгубат на изборите?

  • ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДС и Филипче се деца на Заев, синоним за неспособност, слаб рејтинг и послушност

  • Петрушевски: Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио

„Со жалење можам да констатирам дека за првпат во плурализмот од ’91-ва година наваму, како никогаш досега, граѓаните за толку кратко време не посакуваат нови политики,“ изјави потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членови на партијата во Струга.

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио.

6 (98) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 04:58 -> 21-Jun 18:26
.
.
.
.

Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни

  • Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови.

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче.

12 (25) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jun 05:23 -> 22-Jun 09:37
.
.
.
.

Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави Јаневска

  • Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем

  • МОН подготвува препораки за примена на вештачката интелигенција во образованието

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека се планира да се воведе вештачка интелигенција во македонското образование.

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека работна група на Министерството за образование и наука (МОН) со професори од факултети по информатика, работи на подготовка на документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на генеративна вештачка интелигенција во процесот на образованието.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија