Во очи концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, полицијата приведе 44 лица – едно за нарушување на јавниот ред и мир, а 43 за пиротехнички средства, меѓу кои и малолетник кој е поврзан со мал пожар на насипот.„Концертот на Томпсон е најтешката полициска задача во историјата на Хрватска“, рече заменик-генералниот директор на полицијата и началник на Генералштабот задолжен за организација на концертот, Дамир Бариќ.На Хиподромот каде што ќе се одржи концертот се ангажирани околу 6.500 полицајци, речиси 5.000 чувари и обезбедувачи и 70 пожарникари. Puls24