Не запираат турбуленциите по концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, на кој имаше усташка симболика.
Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томпсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни и настапи, денеска соопшти дека остро го осудува секој израз на фашизам кој потсетува на најмрачните периоди од европската историја.
Хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон одржа концерт синоќа на Хиподромот во Загреб, на кој присуствуваа повеќе од половина милион луѓе, а покрај песните се слушна и извикот „За дом спремни“.Во текот на денот, полицијата приведе 123 лица, а брзата помош имала 245 интервенции.Меѓу 30-те песни, Томпсон ја отпеа и „Битката кај Чавоглава“, чии текстови предизвикаа мешани реакции во јавноста.