За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони, информираше портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари.