Премиерот Милојко Спајиќ соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите.
Со нив ќе ја дефинира конечната верзија на реформата.„Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, но и поефикасна и попродуктивна работа. Vecer
Токму на начинот на кој беа имплементирани програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – со согласност и со работодавачите и со синдикатите – конкретни чекори, во случај на реформа на работното време од седум часа, ќе се преземат исклучиво со целосна поддршка од социјалните партнери, рече Спајиќ.
Тој изрази уверување дека министерката Нишиќ, во име на Владата, ќе направи се за да се постигне договор во оптимален рок со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне позицијата на сите вработени во Црна Гора. Sitel
Намерата е оваа реформа да донесе подобрување во квалитетот на животот на граѓаните, да им овозможи повеќе време за семејството, но и поефикасна работа.
Сепак, од Синдикатот на работодавачи во Црна Гора (UPCG) изразија загриженост и тврдат дека сега не постојат услови за намалување на работното време на седум часа. Lokalno