Вечерва на ХТВ со почеток во 20.15 часот се одржува единственото соочување пред вториот круг од претседателските избори во кој учествуваат Зоран Милановиќ и Драган Приморац.
Кандидатот за претседател на Хрватска Драган Приморац, поддржан од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), до сега потрошил 854.000 евра за предизборната кампања, додека актуелниот претседател Зоран Милановиќ потрошил 215.000 евра, според податоците на Државната изборна комисија.