Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, и 68 километри југозападно од Закинтос.