Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека има „доверливи информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп спречил евентуална ескалација на ситуацијата од Србија кон Косово оваа година.
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека има „доверливи информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ја спречил можноста за евентуална ескалација на ситуацијата од Србија на Косово.„Тој е многу јасен во својата изјава дека зборува за последните неколку недели“, рече Османи, нагласувајќи дека ова не се настани од 2023 или 2020 година, туку „настани кои се многу, многу неодамнешни“.Како што пренесува РСЕ, Османи ги даде овие забелешки за време на предавање во Вашингтон, каде што се потсети и на нападот во Бањска од септември 2023 година, опишувајќи го како „чин на агресија“ извршен од Србија и кој, како што рече, бил „целосно подготвен во рамките на Србија“.„Значи, не треба да ја негираме таа можност, бидејќи веќе се случило“, рече Османи, осврнувајќи се на вооружениот напад на група Срби врз косовската полиција, во кој беше убиен наредникот Африм Буњаку.