„Ова е дополнителен заем по оној од 30 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и 60 милиони евра во инвестициски грантови и техничка помош од ЕУ преку инвестициската рамка за Западен Балкан, кои беа потпишани во април годинава.
Вкупниот фонд на интервенција во овој железнички сегмент е 120,5 милиони евра, објави abcnews.al. Стратешкиот проект предвидува рехабилитација, доизградба и електрификација на приближно 34 километри железничка пруга помеѓу пристанишниот град Драч и Рогожина во Албанија, вклучувајќи ја и реконструкцијата на објектите на железничките станици. Denesen