Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека ако има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата од јануари, тоа да биде од еден до три отсто. Faktor
„Кога ќе ги подготвите сите овие активности во овие 4,5 месеци, тогаш доаѓаме до она за кое што јас го говорам изминативе денови дека очекувам ако има да биде незначително, во рамките од еден до три проценти, не очекувам поголемо од тоа“, рече Мицкоски.
На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот. Nezavisen
На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот.
„Кога сето тоа ќе се анализира плус сите оние мерки за кои што зборував за намалување на цената на електричната енергија, очекувам компанијата целосно да биде консолидирана веќе кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и од компанија загубар да биде во позитивна нула“, рече премиерот Мицкоски. Nezavisen