Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија.
Зошто Владата сè уште нема договор со банките за условите под кои ќе се даваат кредити на приватни фирми со пари од унгарскиот заем, е една од темите на кои разговараме со , министерка за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Друго прашање до министерката е зошто Владата зборува за 100 милиони евра за 2024 г. и 250 милиони евра за 2025 г. за поддршка на инфраструктурни проекти за општините кога сумите што реално ќе завршат кај локалните самоуправи (и фирмите што градат) ќе бидат многу помали со оглед на тоа што Владата ќе плаќа по реализација.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, а се уште е неизвесно какво ќе биде коригирањето во септември в година.