Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
15
20.22
21.31
3.88/1.41
15.00
5.23
0.35
1306.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 15
20 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 454.9
Best clustering variants
20 0.99/0.01 2 454.9
Kanal5

Сакам да се заблагодарам на судијката Оља Крстиќеска во Основниот суд Скопје, која дозволи по брза постапка да се случи повторувањето и да се прифати предлогот за повторување на постапката, како и на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која овозможи согласно законските одредби, да даде приоритет на предметот за да може да се случи што е можно побрзо ваквото решение со укинување на срамната пресуда на Врховниот суд, односно, не на Врховниот суд, таму имаме и достоинствени судии, професионалци судии и судии кои работат согласно законите во Македонија, како двете судијки кои беа против уште при носењето на ваквата срамна пресуда од страна на овие тројца судии, како и судиите кои сега овозможија повторување на постапката во Македонија.

Сакам да се заблагодарам и на сите судии кои беа вклучени како преку Основниот суд, така и преку Апелациониот суд кои се повеќе од 30 во овие години од 2005-та до денеска, кои судеа на страната на правдата, на страната на вистината, дека Работничкиот дом е граден од работнички плати, од работничка синдикална членарина од ССМ, истакна Трендафилов. Kanal5