Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас за Извештајот за напредокот за земјава, кажа дека од клучно значење е зајакнувањето на капацитетите на институциите за имплементација на реформите поврзани со ЕУ. – Проблемите со капацитетите на институциите да се справуваат со имплементацијата на реформите било години наназад дел од сите извештаи, меѓутоа со оглед на тоа дека ние сега ги финализираме подготовките и треба да се спремаме за отворање на Кластерот 1 секако дека зајакнувањето на капацитетите на МЕП, но и другите линиски министерства е клучно.
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, истакна дека Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ и одржува високо ниво на амбиција да се придвижи кон пристапните преговори, но за да го унапреди процесот треба да ги усвои уставните измени, со цел, како што кажа, да ги вклучи граѓаните коишто живеат во границите на државата и кои се дел од други народи како што се Бугарите, а на што се согласи дека ќе го направи.